Достапни линкови

Во Москва состанок за ресурсите во Касписко Море


Министрите за надворешни работи на 5 земји, кои излегуваат на Касписко Море, денеска во Москва ќе расправаат за поделбата на ресурсите на нафта и гас, за што долги години овие земји водат спорови. Клучно е дали Касписко Море ќе биде дефинирано како море, со што сите околни земји ќе добијат свои сектори за експлоатација на нафта и гас, или пак ќе биде дефинирано како Касписко Езеро, со што сите околни земји ќе добиваат еднакви количества на нафата и гас.
XS
SM
MD
LG