Достапни линкови

САД и Русија се повикаа да се почитува договорот од Женева


САД и Русија меѓусебно се повикаа да се почитува договорот од Женева. По телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, двете влади излегоа со свои изјави.

Стејт департментот соопшти дека Кери ја повикал Русија да преземе „конкретни чекори“ за спроведување на меѓународниот договор од Женева за де- ескалација на состојбите во Украина. А руското министерство за надворешни работи соопшти дека Русија побарала од Вашингтон да го искористи своето влијание да изврши притисок врз украинските власти кои уживаат поддршката од Запад, за да го спроведат договорот од Женева.

Кери побарал Русија да ги отповика сепаратистите кои контролираат згради и контролни пунктови и да ја прифатат амнестија понудена од страна на украинската влада.

Лавров побарал од Кери да изврши притисок врз украинските власти за да не се испровоцира конфликт.

Кери и Лавров и нивните колеги од Украина и Европската унија постигнаа договор во Женева на 17 април.

Со договорот се повикуваат сите украински илегални вооружени групи да се разоружаат, а демонстранти да не ги окупираат јавните објекти. Но досега има мал напредок во спроведувањето на договорот.
XS
SM
MD
LG