Достапни линкови

logo-print

Саудиска Арабија - отказ за министерот за здравство поради вирусот мерс


Министерот за здравство на Саудиска Арабија е отпуштен од работа по зголемување на бројот на смртни случаи од инфекција на респираторниот систем предизвикани од вирусот мерс.

Саудискиот крал Абдула го отпуштил министерот по извештаите дека 79 лица починале од вирусот, за која не постои лек.

Повеќе од 240 во Саудиска Арабија биле инфицирани со мерс, вирус поврзана со САРС, од кој загинаа повеќе од 800 луѓе во светот во 2003 година.

Симптоми на мерс вклучуваат висока температура, проблеми со дишењето, воспаление на белите дробови и откажување на бубрезите.
XS
SM
MD
LG