Достапни линкови

logo-print

Јапонски пратеници во посета на контроверзниот споменик на војните


Група од најмалку 120 јапонски законодавци го посетија светилиштето Јасукини, контроверзен споменик на војната. Овој потег најверојатно ќе ги налути соседите на Јапонија и американскиот претседател Барак Обама, кој треба да допатува во посета на Јапонија.

Светилиштето е во чест на оние кои загинале во јапонските војни, вклучувајќи и 14 осудени воени злосторници од Втората светска војна кои беа егзекутирани од страна на американските сили по завршувањето на војната.

Посетата на пратениците доаѓа еден ден откако јапонскиот премиер Шинзо Абе испрати понуда до контроверзниот храм. Според јапонските власти посетата на храмот нема да се одрази на состанокот на шефовите на држави со американскиот претседател Барак Обама. Обама пристигнува во Јапонија на 23 април.
Кина упати протест на 19 април, кога јапонскиот министер за внатрешни работи го посети светилиштето.
XS
SM
MD
LG