Достапни линкови

logo-print

Јужна Кореја - потврдена смртта на 104 луѓе при несреќата со ферибот


Властите во Јужна Кореја соопштија дека е потврдена смртта на 104 луѓе кои загинаа при потонувањето на ферибот минатата недела.

Корејски официјални лица изјавија дека 198 луѓе се уште се водат за исчезнати. Повеќето од нив се тинејџери. Фериботот потона на 16 април. а 174 луѓе, вклучувајќи го и капетанот и неговиот екипаж, беа спасени.

Капетанот и шест членови на екипажот се уапсени за небрежност и за напуштање на патници. Според властите во Јужна Кореја, активностите на екипажот биле еднакви на „чин на убиство.“
XS
SM
MD
LG