Достапни линкови

logo-print

Објавени фотографии за руска вмешаност во Украина


Активисти на „Мали зелени луѓе.“

Активисти на „Мали зелени луѓе.“

Американскиот Стејт департмент објави фотографии со кои наводно се поврзуваат руски специјални сили со групата наречена „Мали зелени луѓе, кои држат под окупација згради во источна Украина.
Не може независно да се потврди веродостојноста на фотографиите, но сепак, тие укажуваат на поголема руска вмешаност во немирите во источна Украина, отколку што признава Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „глупости“ тврдењата за руска вмешаност меѓу сепаратистите во Украина.

Украина на 16 април испрати писмо до Организацијата за безбедност и соработка во Европа со фотографии за кои украинските власти тврдат дека сведочат за поголема руската улога во источна Украина.

На фотографиите до кои дошле украинските власти има руски специјални сили во Грузија и Крим и вооружени лица кои преземаат владини згради во источната Украина. Властите тврдат дека се работи за исти луѓе.
XS
SM
MD
LG