Достапни линкови

Азербејџански новинар обвинет дека бил ерменски шпион


Новинарот Рауф Миркадиров.

Новинарот Рауф Миркадиров.

Азербејџанските власти официјално го обвинија познатиот новинар Рауф Миркадиров за велепредавство, затоа што наводно шпионирал во корист на Ерменија. Од Јавното обвинителство соопштија дека Миркадиров „бил регрутиран од ерменската тајна служба во 2008 година и му предавал на Ереван информации за државни тајни на Азербејџан“. На новинарот му се одредени три месеци притвор. Според обвинението, Миркадиров неколку пати се среќавал со ерменски агенти во Ерменија, Грузија и во Турција и им предавал слики и документи што ја нарушиле безбедноста и одбранбената способност на Азербејџан. Новинарот работи за азербејџанскиот весник на руски јазик Зеркало. Тој беше притворен во Баку по екстрадицијата од Турција на 19 април.

Азербејџан и Ерменија се во спор за сепаратистичката област Нагорно-Карабах.

Организациите за човекови права ја сметаат азербејџанската влада за една од најрепресивните кон новинарите во светот.
XS
SM
MD
LG