Достапни линкови

logo-print

Заев - Најмалку 4 години затвор за затајувањето данок од Груевски


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска го повика премиерот Никола Груевски веднаш да понесе одговорност за аферата за Македонска банка што претходно ја обелодени.

„Ќе се повлечеш и ќе признаеш дека си длабоко забразден во криминал или да продолжам да излегувам пред јавноста и да ја покажувам твојата бесконечна игра со кеш“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека само за даночно затајување, при продажбата на Македонска банка, „Никола Груевски направил дело коешто согласно Кривичниот закон се санкционира со казна затвор од минимум четири години“.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ претходно ги демантира сите обвинувања од Заев и се закани со тужба за клевета.
XS
SM
MD
LG