Достапни линкови

Бајден пристигна во дводневна посета на Украина


Потпретседателот на САД Џо Бајден.

Потпретседателот на САД Џо Бајден.

Потпретседателот на САД Џо Бајден пристигна во Киев. Најавено е дека за време на дводневната посета ќе разговара со државниот врв за кризата во земјата и за спорот меѓу Украина и Русија. Бајден ќе се сретне со в.д. претседателот Олександр Турчинов, со премиерот Арсениј Јатсењук и со членови на Парламентот. Белата куќа соопшти дека Бајден ќе разговара за напорите на меѓународната заедница за стабилизација на украинската економија, за енергетиката и ситуацијата со сепаратистичките сили во источниот дел на земјата. Украина и Русија се обвинуваат меѓусебе по смртоносните судири во источна Украина.
XS
SM
MD
LG