Достапни линкови

Путин ги рехабилитира Кримските Татари


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за рехабилитација на Кримските Татари и други луѓе кои биле цел на репресија во времето на Сталин. Со декретот се рехабилитираат и кримските Ерменци, Германци, Грци и сите кои настрадале во сталиновите чистки. Поголемиот дел од Кримските Татари, кои претставуваат 12 отсто од населението на полуостровот, го бојкотираа минатомесечниот референдум за отцепување од Украина и припојување кон Русија. На декретот на Путин се гледа како на обид да ја добие поддршката од неруските малцински заедници на Крим.
XS
SM
MD
LG