Достапни линкови

logo-print

Протест против погубувањето Авганистанци во Иран


Илустрација: Провинцијата Хост.

Илустрација: Провинцијата Хост.

Организациите за човекови права и авганистанските верски учители протестираа против егзекуцијата на авганистански државјани во Иран. На денешните протести во провинцијата Хост на истокот на земјата учествуваа и активисти и племенски старешини. Тие бараат од авганистанската влада да им помогне на нивните граѓани во странство. Радио Слободен Авганистан претходно објави дека најмалку шестмина Авганистанци беа егзекутирани во Иран на 18 април откако биле осудени за шверц на дрога. Властите во Кабул реагираа дека биле погубени четворица, а не шестмина Авганистанци и оти веднаш по објавувањето на веста контактирале со иранските власти. Демонстрантите велат дека на Авганистанците притворени во Иран им се оневозможува пристап до адвокат и не можат да се бранат на судските процеси во Иран.
XS
SM
MD
LG