Достапни линкови

Бајден во посета на Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден за време на дводневната посета на Киев со државниот врв ќе разговара за кризата во земјата и за спорот меѓу Украина и Русија.

Бајден ќе се сретне со актуелниот претседател Олександар Турчинов, со премиерот Арсениј Јатсењук и членови на Парламентот.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе разговара за напорите на меѓународната заедница за стабилизација на украинската економија, за енергетиката и ситуацијата со сепаратистичките сили во источниот дел на земјата.

Украина и Русија се обвинуваат меѓусебе по смртоносните судири во источна Украина.
XS
SM
MD
LG