Достапни линкови

Косовските срби не прифаќаат косовска армија


За косовските Срби е неприфатливо создавањето на Армија на Косово, изјави градоначалникот на Северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, оценувајќи дека таквиот чекор е спротивен на Бриселскиот договор постигнат меѓу Белград и Приштина.

Косовските власти најавија дека Собранието на Косово во сегашниот состав најевројатно нема да решава за измени на Уставот во делот на формирањето на вооружени сили и дека таа тема ќе биде ставена на дневен ред дури по изборите, што треба да се одржат во текот на оваа година.
XS
SM
MD
LG