Достапни линкови

Се расчистува хемиското оружје од Сирија


Меѓународните набљудувачи соопштија дека близу 80 проценти од материјалите за хемиско оружје во Сирија биле уништени или отстранети од земјата. Заедничката мисија на Обединетите нации и Организацијата за прохибиција на хемиско оружје сметаат дека постигнатиот напредок ќе оди во прилог на средбата во Јуни, за кога е поставен и рокот за уништување на хемиското оружје во Сирија. Претходно годинава, во текот на судирите меѓу владините приврзаници и антивладините демонстранти во земјата, Сирија проби неколку крајни рокови за уништување на материјалите.
XS
SM
MD
LG