Достапни линкови

Абдула води на претседателските избори во Авганистан


Екс-министерот за надворешни работи Абдула Абдула води на претседателските избори во Авганистан, покажуваат резултатите од независната авганистанска изборна комисија. Прелиминарните резултати се базирани на 50 проценти од гласовите кои до сега се пребројани. Абдула освоил над 44 отсто од пребројаните гласови, додека неговиот главен конкурент, поранешниот министер за финансии Ашраф Гани има освоено нешто повеќе од 33 отсто.
XS
SM
MD
LG