Достапни линкови

logo-print

Почна изградбата на подводен тунел меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го означи почетокот на градежните работи на тунелот „Евроазија“, што ќе минува под Мраморното Море и ќе ги поврзува европскиот и азискиот дел на Истанбул, јави Андолија. „Овој тунел ќе го намали времето за преминување преку Босфорот од сегашните 100 на само 15 минути“ рече Ердоган, додавајќи дека вакви тунели низ кои возилата минуваат под вода има само уште во Њујорк, Малезија и Франција. Церемонијата на отопчнување на подземните работи на тунелот се одржа во азискиот дел на Истанбул. Ердоган најави дека е предвидено дневно да бидат пробивани по 10 метри од тунелот, кој ќе биде со должина од 14,6 километри и низ него ќе може да минуваат само автомобили и минибуси.
XS
SM
MD
LG