Достапни линкови

Предупредувања за нови поплави во Романија


Романските власти денеска објавија предупредување за можна опасност од нови поплави во окрузите Јаломица и Прахова во југоисточниот дел на Романија, јави агенцијата Аџерпрес.Во предупредувањето, кое ќе биде во сила до вечер до 24 часот, се наведува дека постои опасност од излевање на реките Телеажан, Прахова и Јаломница, чии нивоа се значитечно покачени поради поројните дождови што поаледниве неколку дена ги зафатија јужните делови на Романија. Поплавите што од вчера ја зафатија јужна Романија предизвикаа и прекин во снабдувањето со електрична енергија во две села во округот Олт. Според локалните власти, во оовј округ поплавени се речиси 1.000 хектари обработливи површини и пасишта.
XS
SM
MD
LG