Достапни линкови

Реакција од Русија за престрелката во Украина


Руското министерство за надворешни работи изрази незадоволство од престрелката која рано утрово се случи на контролен пункт во источниот дел на Укртаина. Според неофицијални информации, најмалку четворица загинале во инцидентот. Во соопштението на министерството се наведува дека со инцидентот кој се случи во близина на населеното место Словјанск, кое во голем дел е под контрола на про-руски сепаратисти, се прекршува договореното велигденско примирје. Руските медиуми сега јавуваат дека петмина загинале во инцидентот додека според други медиумски извештаи, едно лице загинало додека тројца се повредени.
XS
SM
MD
LG