Достапни линкови

Вонредна состојба поради поплавите во делови на Србија


Припадници на Секторот за вонредни состојби при српското МВР од подрачјето на Прокупље поради поплавите предизвикани од надојдената река Топлица спасиле 22 лица од повеќе објекти. Спасени се и двајца мажи од покриви на автомобили. Претставникот на Секторот за вонредни состојби во Прокупље Владо Племиќ изјави дека бранот поплави на подрачјето на Прокупље полека почнува да стагнира и оти се упатил кон правец на Житораѓа, каде е префрлен дел од силите на Секторот за вонредни состојби. Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во Куршумлија, Лучани и Пожега. Најзагрозена точка во Србија во моментот е Заечар, каде исто така е прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG