Достапни линкови

Поплави во јужна Србија


Четири реки во јужна Србија се излеаја од своите корита во текот на минатата ноќ, како последица на поројните дождови кои последниве денови врнат во регионот.
Најкритично е во реонот долж реката Топлица која поплави десетина куќи во селото Кастрат во општина Куршумлија. Градоначалникот на Куршумлија, Родољуб Видиќ изјави дека припадници на Секторот за вонредни состојби при српското Министрество за внатрешни работи во текот на целата ноќ поставувале вреќи со песок на брегот на Топлица, но на крајот надојдената вода се прелеала преку насипите и го поплавила селото Кастрат.
XS
SM
MD
LG