Достапни линкови

Ослободени четворица француски новинари


Четворица новинари од Франција биле ослободени од залошништво во Сирија и се враќаат во матичната земја, соопштија француските власти. Кабинетот на Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека четворицата ослободени француски новинари се во добра состојба и дека денеска ќе бидат вратени во Франција. За сега нема детали под кои услови биле ослободени медиумските работници кои беа држени во заложништво во Сирија од јуни 2013 година. Турските медиуми јавија дека новинарите биле пронајдени во близина на сиријската граница со врзани раце и превези околу очите.
XS
SM
MD
LG