Достапни линкови

logo-print

„Бота Сот“: Можно е обвинение против Хашим Тачи за злосторствата на ОВК


Косовскиот премиер Хашим Тачи би можел прв да се најде на обвинителната клупа на новиот Специјален суд за процесуирање на злосторствата што ги извршиле припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), тврди приштинскиот весник „Бота Сот“.

Според весникот, покрај Тачи на листата на обвинети би можеле да се најдат и потпретседателот на косовското Собрание и еден од основачите на ОВК, Џавит Халити, вториот човек на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), Кадри Весели и актуелниот пратеник и поранешен началник на Главниот штаб на ОВК, Азем Суља.
XS
SM
MD
LG