Достапни линкови

logo-print

Времето денеска облачно


Времето во Македонија ќе биде облачно и постудено за овој период од годината и со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните предели на земјава каде локално повторно се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог.

Во вечерните и во ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и јужен правец.

Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе се движи од пет до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а и облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
XS
SM
MD
LG