Достапни линкови

logo-print

Како Битола го решава проблемот со кучињата скитници?


Во Битола деновиве дваесетина улични кучиња биле затруени на повеќе локации низ градот. Од јавното претпријатие „Kомуналец“ под чии ингеренции е шинтерската служба, велат дека уличните кучиња ги сместуваат во стационар.

Во просек на секои две години се случуваа масово труење на кучиња скитници во Битола. Последниот случај, според здружението за заштита на животни, „Мали херои“, се случил деновиве. Дваесетина улични кучиња биле затруени од непознат сторител со отров на повеќе локации низ градот.
Сите знаеме колку е загрижувачка состојбата со бездомните животни во Битола. За трајно решавање на овој проблем потребно е да се изменат постоечките прописи кои се несоодветни и недоволни.


„Сите знаеме колку е загрижувачка состојбата со бездомните животни во Битола. За трајно решавање на овој проблем потребно е да се изменат постоечките прописи кои се несоодветни и недоволни. Обидите за контрола на ситуацијата ја загрозуваат состојбата на животните преку труења, застрелувања, давење и несоодветни објекти за нивно згрижување што секако е спротивно од Законот за благосостојба на животните“, вели Цеце Марковска, активист во здружението.

Ова предизвика и дебата во битолскиот совет. Благојче Котевски, советник од НСДП праша што се случува со бездомните кучиња обвинувајќи дека мал е капацитетот на згружувачки места што шинтерската служба ги има во битолската зоолошка градина. Тој обвини дека животните не добиваат соодветна ветеринарна нега.
Шинтерската служба на ниво на држава верувајте има најголем успех..Комплицирана работа е да се управува со тоа.

„Ние имаме десет бокса кои се премалку за капацитет на кучињата скитници што го има нашиот град. Тоа значи дека кучињата скитници не се третираат како што треба. Се поставува клучното прашање: каде е излезот на кучињата скитници фатени од шинтерската служба? Имаме влез на кучиња скитници, а немаме излез. Зарем има еутаназија? Дали тие служат за храна на лавовите во зоолошката градина или завршуваат на депонијата Мегленци“, праша Котевски.

Од јавното претпријатие „Kомуналец“ под чии ингеренции е шинтерската служба, велат дека уличните кучиња ги сместуваат во стационар.

„Шинтерската служба на ниво на држава верувајте има најголем успех..Комплицирана работа е да се управува со тоа. Знам дека има проблем во сето тоа. Голем дел од тие кучиња скитници се уште ги третирме на некој начин, кој како да кажам можеби е и нехуман. Сите тие постапки треба да бидат запазени. Но, мнозинството на граѓани кажуваат дека ситуацијата е многу подобра од минати години кога навистина имало премногу кучиња скитници“, изјави директорот на „Комуналец“, Зоран Соклевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG