Достапни линкови

Неопределените кумановци незаинтересирани за избори


Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Дел од граѓаните во Куманово не се заинтересирани за политика, велат дека кој и да победи на претстојните избори, нив не ги интересира.

Партиски неопределените и оние кумановци кои ја загубиле вербата и очекувањата од партиите на централната и локалната власт забележуваат дека одамна не гласаат и дека веќе им е сеедно кој во која фотелја ќе седне.
И конечно се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Куманово има предност. Очекуваме на парламентарните избори и во вториот круг на претседателските таа предност да се повтори и да се зголеми.


Вмровците полека градот кој од осамостојувањето на Македонија ја носи етикетата како бастион на СДСМ, настојуваат да го префарбаат во нивна боја. Истовремено партијата од која е и локалната власт се однесува како издишен балон. И додека членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ не пропуштаат ниту миг да не го искористат за кампања и промовирање на своите кандидати за пратеници и за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, сдсмовците наоѓаат изговори, а од длабок сон се будат во попладневните часови, сметаат граѓаните. Драган Петковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Драган Петковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.


Драган Петковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека првиот изборен круг бил пресметка помеѓу двете партии.
Како некој таргет сме со цел да се сруши бастионот на СДСМ. Така беше и на минатогодишните локални избори кога сепак победи градоначалникот Дамјановски, така што очекуваме тоа да се случи и на овие двојни избори.
„И конечно се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Куманово има предност. Очекуваме на парламентарните избори и во вториот круг на претседателските таа предност да се повтори и да се зголеми.“

Секретарот на ОО на СДСМ Томица Илиќ објаснува дека Општината Куманово е под голема пресија од владеачката структура на централно ниво. Сепак, тој додава дека имаат сила и моќ да остварат подобри резултати од нивниот ривал.
Томица Илиќ, секретар на СДСМ Куманово.

Томица Илиќ, секретар на СДСМ Куманово.


„Како некој таргет сме со цел да се сруши бастионот на СДСМ. Така беше и на минатогодишните локални избори кога сепак победи градоначалникот Дамјановски, така што очекуваме тоа да се случи и на овие двојни избори, бидејќи разликата од 240, 250 гласови не е така голема за да не може да се надмине. Ова е максимум што ВМРО-ДПМНЕ може да го добие во Куманово,со оглед на нивните вложувања и начинот на кој ја водат кампањата, кога се вклучени сите средства на системот на државата. Тие не делуваат како партија,туку како држава која се бори против СДСМ во Куманово.“

Според Илиќ СДСМ во Куманово има капацитет да го надмине сето ова.Тие се надеваат дека гласачите кои во првиот круг апстинирале, нивните гласови во вториот круг за избор на претседател и за парламентарните избори се пресудни, а праксата покажала дека тие влечат кон левицата. Од нив СДСМ очекува поддршка.

Кумановци во време на кампањите и по изборите малку сакаат јавно да зборуваат за политиката.

„ Јас сум аполитичен, ниту гласам, ниту ме интересира нешто.“

„Не ме интересира. Ни за ВМРО ни за другите, кој сака нека биде.“

„Се надевам дека Куманово ќе биде вмровски град и би требало, конечно да има промени.“

„Политиката не ме интересира.“

РСЕ: Гласате?

„Не, не гласам воопшто, со години.“

„Куманово нема да биде вмровски туку ќе биде наш град. Наш ќе биде без оглед дали е вмровски или сдсмовски. “

И додека едните триумфираат, другите велат дека изборите се нерегуларни, некои од граѓаните сметаат:

„Мислам дека се регуларни, а кој ќе победи ќе видиме.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG