Достапни линкови

Москва разочарана од оценката на САД за разговорите во Женева


Шефовите на американската и на руската дипломатија, Џон Кери и Сергеј Лавров.

Шефовите на американската и на руската дипломатија, Џон Кери и Сергеј Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое вели дека е „разочарано“ од оценката на САД за вчерашните разговори во Женева меѓу претставниците на Русија, Украина, САД и ЕУ.

Руското министерство го обвинува Вашингтон дека се обидува да „го испере“ она што, според Москва, е употреба на сила од властите во Киев против проруските демонстранти во источна Украина.

„Јасно е дека кога зборуваме за разоружување, мислиме прво на одземање на оружјето од милитантите од Десниот сектор и другите профашистички организации“, се наведува во соопштението, во кое се наведува дека е неосновано Русија да биде обвинета за ситуацијата во источна Украина.

Тие ги обвинуваат САД дека во неколкуте последни изјави имале „тон на ултиматум“ со кој се закануваат со понатамошни санкции кон Русија.
XS
SM
MD
LG