Достапни линкови

Украина пред уставни измени


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и в.д. претседателот Олександр Турчинов во денешното заедничко ТВ обраќање најавија уставни измени. Јацењук се осврна на сеопфатните уставни реформи што неговата влада ги планира, вклучувајќи ја и децентрализацијата која ќе ја зголеми моќта на регионите и на локалните совети во земјата. Тој рече дека во новиот Устав ќе му се додели специјален статус на рускиот јазик кој ќе биде заштитен. Јацењук повика на национално единство и апелираше граѓаните да се воздржат од насилство. Тој исто така го повика парламентот да донесе закон за амнестија на учесниците во протестите во источниот дел на земјата, кои сега се во притвор.
XS
SM
MD
LG