Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во бомбашки напад во Хомс


Илустрација.

Илустрација.

Четиринаесет луѓе загинаа, а десетици се ранети во експлозија на бомба пред една џамија во провладин кварт во градот Хомс во Сирија, во време кога верниците излегувале од џамијата. Нападот доаѓа во период кога владините сили напредуваат во воспоставувањето контрола врз градот. Државната новинска агенција САНА денеска објави дека владините сили ги „елиминирале“ бунтовничките сили и ја презеле контролата во уште две населби во Хомс. Многу населби во градот се уништени во тригодишните борби.
XS
SM
MD
LG