Достапни линкови

Басеску: Прво решение за Придњестровје, па Молдавија во ЕУ


Молдавија не може да очекува да стане дел од ЕУ сè додека не го реши спорот околу сепаратистичкиот регион Придњестровје, изјави денеска романскиот претседател Трајан Басеску.

„Ќе ви кажам отворено и јасно: исклучен е прием на Молдавија во ЕУ без да биде решен конфликтот во Придњестровје. Може да се водат преговори со ЕУ за сите прашања, но невозможен е влез во Унијата со замрзнат конфликт на своја територија“, нагласи Басеску.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Басеску оцени дека се потребни коренити промени во форматот на преговорите за придњестровскиот спор, во кои сега учествуваат претставници на Моладвија, Придњестровје, Русија, Украина и ОБСЕ, додека САД и ЕУ имаат статус на набљудувачи.

Според Басеску, во иднина од преговорите треба да бидат исклучени Украина, ОБСЕ и придњестровските сепаратистички власти и разговорите да се водат меѓу Молдавија и Русија со посредништво на ЕУ и САД.
XS
SM
MD
LG