Достапни линкови

logo-print

Минск ќе го дозволи Маршот „Патот на Чернобил“


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Градските власти во Минск соопштија дека ќе им дозволат на белоруските опозициски организации да го одржат Маршот „Патот на Чернобил“ на 26 април. Претседателот на Партијата на народниот фронт Алексеј Јанукевич изјави дека властите ја смениле рутата на планираниот марш и дека мора да се одржи неколку часа подоцна од планираното. Годишниот марш се одржува во Минск од 1988 година во знак на сеќавање на жртвите од нуклеарната катастрофа во Чернобил, во соседна Украина, на 26 арпил 1986 година, која погоди голем дел од територијата на Белорусија. Претходните години маршот го одбележаа судири меѓу активистите и полицијата. Минатата година полицијата уапси неколкумина учесници на маршот. Тие подоцна беа осудени за хулиганство и непочитување на полициски наредби и добија казни затвор меѓу 5 и 10 дена.
XS
SM
MD
LG