Достапни линкови

Спикерот на руската Дума им се извини на новинарите


Спикерот на руската државна Дума, Сергеј Наришкин.

Спикерот на руската државна Дума, Сергеј Наришкин.

Спикерот на руската државна Дума, Сергеј Наришкин, го осуди како навредливо неодамнешното однесување на ексцентричниот ултранационалистички пратеник Владимир Жириновски. Портпаролката на Наришкин, Јевгенија Чуганова, денеска изјави дека спикерот на Државната дума сака да им се извини на новинарите поради постапките на Жириновски. Претходно, во разговор со новинарите во Думата, Жириновски со вулгарен речник навреди неколку репортери, меѓу кои и една бремена жена. Лидерот на Либерално демократската партија на Русија Жириновски често се соочува со критики за неговите јавни изјави кои се сметаат за ксенофобични, сексистички или хомофобични.
XS
SM
MD
LG