Достапни линкови

logo-print

Молдавската влада чека руска реакција за Придњестровје


Илустрација: Молдавија.

Илустрација: Молдавија.

Молдавската влада сè уште чека на „многу јасна“ руска реакција во врска со последното барање од сепаратистичката област Придњестровје, изјави министерката за надворешни работи Наталија Герман. Пред два дена, пратениците од Придњестровје го повикаа рускиот претседател Владимир Путин, рускиот парламент, ОН и ОБСЕ да ја признаат независноста на регионот. Путин вчера рече дека луѓето во оваа област треба да имаат право да одлучуваат за нивната судбина. Герман ги повика сите страни да се воздржат од еднострани изјави или акции што може да го загрозат преговарачкиот процес за решавање на конфликтот во Придњестровје.
XS
SM
MD
LG