Достапни линкови

Религијата има позитивна улога за две третини од Македонците


Религијата има позитивно влијание во нивната земја, сметаат повеќе од половината од речиси 67 илјади испитаници во анкетата што во 65 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, ја спроведе Вин/Галуп интернејшнал во рамки на Истражувањето „Крајот на годината“.

Резултатите од истражувањето во Македонија покажуваат дека 68 отсто од испитаниците сметаат дека религијата има позитивна улога во земјата, наспроти 11 проценти кои се изјасниле дека има негативна улога. Анкетата покажува дека оние со повисоко образование сметаат дека религијата има помало влијание, за разлика од оние со понизок степен на образование.

На глобално ниво 59 отсто од испитаниците веруваат дека религијата има позитивно влијание, додека 22 проценти сметаат дека религијата има негативно влијание. Во Западна Европа се бележи значително помало позитивно влијание, односно 4 отсто, во споредба со останатите региони во светот.

Глобалната слика покажува дека протестантите и муслиманите се со најголем позитивен нето скор од дури 60 отсто, а пак најмал позитивен нето скор од 24 отсто се забележува кај Хиндусите.

Во Македонија истражувањето беше спроведено со теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок од 1.214 испитаници на возраст над 15 години, во период од 8 до 14 ноември 2013 година.
XS
SM
MD
LG