Достапни линкови

logo-print

Тројца талибанци избегале од затвор во Авганистан


Архивска фотографија: Затворот во провинцијата Фарјаб.

Архивска фотографија: Затворот во провинцијата Фарјаб.

Тројца талибански бунтовници избегале од затвор во северен Авганистан користејќи пиштоли и бомби прошверцувани во објектот. Властите денеска соопштија дека настанот се случил ноќеска во главниот град на провинцијата Фарјаб, Маимана. Во престрелката за време на бегството биле убиени најмалку двајца стражари и четворица затвореници кои исто така се обиделе да избегаат. Властите велат дека бегалците се ниско рангирани талибански оперативци кои поставувале нагазни мини на патиштата. Во моментов има потрага по бегалците и истрага како било внесено оружје во затворот. Талибанците го потврдија инцидентот.
XS
SM
MD
LG