Достапни линкови

Авганистанските функционери обезбедени против прислушкување


Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Телефонските линии на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и неговите министри се обезбедени од прислушкување. Министерството за информатика и технологија денеска објави дека е инсталиран напреден безбедносен систем за обезбедување на телефонската комуникација од и кон претседателскиот кабинет. Властите соопштија дека на претседателот Карзаи, потпретседателите и на другите членови на владата им биле дадени нови СИМ картички безбедни од прислушкување. Карзаи треба да ја напушти претседателската функција кога ќе се објават резултатите од претседателските избори што се одржаа на 5 април.
XS
SM
MD
LG