Достапни линкови

Меѓународниот кривичен суд ќе ги истражува убиствата на Мајдан


Украинската влада побарала од Меѓународниот кривичен суд да ги истражи убиствата на над 100 луѓе за време на про-европските демонстрации во Киев. Судот потврди дека добил такво писмо од Украина во врска со настаните меѓу 21-ви ноември, минатата година и 22-ри февруари, оваа година. Меѓутоа, тоа не значи дека Меѓународниот кривичен суд, кој се занимава со најсериозните случаи на меѓународен криминал, веднаш ќе започне истрага. Истражителите најнапред треба да утврдат дали има доволно докази.
XS
SM
MD
LG