Достапни линкови

logo-print

Аудио снимки, црни пари и борба за гласови


Никола Груевски на предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Берово.

Никола Груевски на предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Берово.

СДСМ врз основа на обелоденети информации за корупцискиот скандал очекува промена на резултатите на 27 април. Премиерот Груевски демнатира вмешаност.

Станува ли збор за вжештување на кампањата пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори или за материјал кој упатува на голем корупциски скандал е прашање на кое експертите очекуваат дека треба да дадат одговор надлежните органи. Во секој случај, едногласни се дека тие треба да реагираат откако во јавноста опозициската СДСМ презентираше аудио снимка, за која рекоа, дека е доказ оти премиерот примил 1,5 милиони евра црни пари во кеш од српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како „Газда Нини“ при продажбата на Македонска банка.
А за овој случај кадешто е врвот на власта, премиерот лично инволвиран, апсолутно нема дилеми дека тоа мора да биде истуркано до самиот крај.


„Бидејќи се работи за првата личност во државата, најсериозно треба јавниот обвинител за спроведе предистражни дејствија за да ја провери вистинитоста. Во оваа ситуација треба да се земе неспорен глас од „Газда Нини“ и да се спореди со гласот, да се спореди и неспорниот глас од третото лице, како и да се спореди и гласот на премиерот и со тоа ќе имаме јасна претстава и слика, дали се тоа нивните гласови“, вели професор Владимир Пивоваров. Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.



„Не сум ги слушнал снимките но, по принцип на хиерархија надлежен е Основниот јавен обвинител, тој до сега не ме има информирано, а би ме информирал доколку постои основа на сомневање да се преземе мерка по допрен глас (без поднесена пријава)“, вели во изјава за НОВА- ТВ, јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Наместо да извлечат поука од гласањето на граѓаните решија вториот круг наместо проекти и понуда да водат негативна и црна кампања, со обвинувања, монтажи, лаги, манипулации.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше преку соопштение во кое наведува дека се работи за класична монтажа. Премиерот Груевски демантираше и преку својот адвокат, а одговори и од митингот во Берово.

„Наместо да извлечат поука од гласањето на граѓаните решија вториот круг наместо проекти и понуда да водат негативна и црна кампања, со обвинувања, монтажи, лаги, манипулации“, рече Груевски.

Лидерот на СДСМ, Заев во интервју за Радио Слободна Европа рече дека материјалот го добиле од загрижен граѓанин, непосредно пред првиот круг од претседателските избори и дека се решени случајот да го водат до конечен правен епилог.

„Одговорност мора да има. Правен епилог мора да има и за оние материјали кои порано ги објавуваме, а за кои институциите велат дека работат, очекувајќи најверојатно граѓаните да заборават, ние нема да заборавиме. А за овој случај кадешто е врвот на власта, премиерот лично инволвиран, апсолутно нема дилеми дека тоа мора да биде истуркано до самиот крај“, вели Заев во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.

Врз основа на, како што вели, овие обелоденети информации партијата очекува промена на резултатите на 27 април. Очекувавме власта да се освести, но ако продолжи притисокот врз секој гласач сите опции се отворени, посочува Заев.

„Сите опции, опцијата на бојкот, на непризнавање на резултатите, опциите на улична демократија.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG