Достапни линкови

Турција ќе бара дисконт за увозот на гас од Русија


Турција ќе бара намалување на цената на гасот кој го увезува од Русија за време на разговорите со претставници на Газпром, кои во наредната недела ќе ја посетат Анкара. Ова денеска го соопшти турскиот министер за енергија Танер Јилдиз, додавајки дека Турција, според договорот, има права да бара ревизија на цаната на гасот. Турција е увозник на речиси сите енергетски потреби, а Русија и е најголем снабдувач со гас.
XS
SM
MD
LG