Достапни линкови

logo-print

Обама претпазлив по договорот за Украина во Женева


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека договорот постигнат на разговорите во Женева за Украина нуди изгледи дека со дипломатијата може да се смират тензиите во таа земја. Обама посочи дека се водат разговара со сојузниците и за дополнителни санкции против Русија ако нема напредок. Американскиот претседател кажа дека е скептичен со оглед на досегашната ефикасност на Русија. Тој ова го кажа во Белата куќа , по разговорите во Женева, на кои САД, Украина, Русија и Европската унија се договорија за надминување на кризата во Украина, и се согласија да побараат распуштање на нелегалните вооружени групи низ целата земјата.
XS
SM
MD
LG