Достапни линкови

logo-print

Иранските безбедносни сили влегоа во затворот Евин


Десетици ирански безбедносни сили влегоа во затворот Евин во Техеран во делот каде што се наоѓаат политичките затвореници. Во упадот повредени се голем број затвореници,а околу триесет се префрлени во самица Ќерката на затворениот адвокат за човекови права Aбдолфтан Солтани, за радио Слободна Европа изјави дека нејзиниот татко бил меѓу затворениците кои биле претепани и изолирани. Маедех Солтани наведе дека таа добила информации од извори во затворот. Некои веб-сајтови објавија дека ова е најголемата насилна акција против политичките затвореници во изминатите 20 години. Опозицијата објави дека најмалку двајца затвореници се сериозно повредени. Иранската организација на затворите, извештаите ги отфрли како шпекулации.
XS
SM
MD
LG