Достапни линкови

Почина нобеловецот Габриел Гарсија Маркес



Колумбискиот писател и добитник на Нобелова награда Габриел Гарсија Маркес почина на 87-годишна возраст во Мексико. Авторот на безеброј книжевни дела меѓу кои и најпознатото "Сто години самотија", кое е продадено во повеќе од 50 милиони копии ширум светот, беше еден од највлијателните и најценетите писатели на својата генерација Гарсија Маркес е роден во Aрачатака , мал Колумбиски град на 6 март, 1927 година. Гарсија Маркес почина во неговиот дом во Мексико Сити. Тој се врати дома од болница минатата недела каде беше хоспитализиран поради пневмонија.
XS
SM
MD
LG