Достапни линкови

Митинг за единство на Украина во Доњецк


Митинг на кој беше упатен повик за единство на Украина се одржа на плоштадот во источниот град Доњецк. Учесниците на вчерашниот митинг носеа Украински знамиња и пееја стихови од химната на земјата. Членови на градскиот совет и администрацијата беа меѓу присустните на митингот, а говореа и членови на парламентот на Украина и други политичари и активисти. Агенциите наведоа дека Членови на т.н. " Доњецк самоодбрана" го обезбедувале настанот. Досега не е пријавено насилство на митингот . Во меѓувреме, про- руската група што упадна во зградата на владата во Доњецк соопшти дека нема да го напуштат објектот се додека подржувачите на новата влада го уништуваат нивниот камп на плоштадот во главниот град.
XS
SM
MD
LG