Достапни линкови

Турција - закон за зголемени надлежности на тајните служби





Турскиот Парламент го усвои законот, со кој се зголемуваат надлежностите и имунитетот на националното разузнавање.

Законот и дава на националната раузнавачка агенција на Турција можност да спроведува тајни операции и повеќе надлежности во следењето на граѓаните.

Законот предвидува и казни затвор за објавување доверливи документи.

Според Владата измените ќе ја зголемат ефикасноста на агенцијата и „ќе и помогнат да се справи со новите потреби во однос на безбедноста и надворешната политика“.

Опозициските партии нагласуваат дека законот и дава на агенцијата големи овластувања, кои ќе ја претворат Турција во полициска држава. Тие планираат да побараат од Врховниот суд да го поништи законот
XS
SM
MD
LG