Достапни линкови

Времето денеска ќе биде облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, a на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во северните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од три до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до девет степени.

Врнежите ќе продолжат и утре претпладне, а потоа до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време.
XS
SM
MD
LG