Достапни линкови

Грците најбројни гости за Велигден во Охрид


Грците ќе бидат најбројни гости за Велигден во Охрид. Десеттина грчки автобуси ќе пристигнат во градот за претстојниот празник. Хотелиерите велат дека пополнетоста на нивните капацитети ќе биде речиси на исто ниво како и минатата година, односно околу 80 отсто од објектите ќе бидат исполнети.
Ќе им понудиме велигденско мени, ќе ги запазиме сите обичаи кои се карактеристични за празникот. Ќе им организираме екскурзии, разглед на градот, црквите.
Перо Кутаноски, хотелиер.


Иако Велигден по традиција е семеен празник, во Охрид ќе има туристи и од Бугарија, Албанија и Црна Гора. Колку туристи ќе престојуваат во Охрид за празникот никој со сигурност не може да каже, но угостителите очекуваат зголемен промет и поголема раздвиженост од вообичаено. Перо Кутаноски, менаџер во Хотел Гранит вели:

„За претстојните велигденски празници се очекуваат гости од соседството, од Црна Гора, Бугарија, Турција, а од Македонија имаме помал одѕив. Очекуваме и деновиве да се дополни она што е останато слободно. Аранжманите се викенд, два до три дена, вели Кутаноски.

Кутаноски додава дека ќе направат се гостите по добро да го паметат престојот во Охрид за Велигден.
Тргнувајќи од стариот дел на градот и Плаошник, Црквата Света Богородица Перивлепта, Канео, Света Софија. Најмалку половината од црквите во градот ги посетуваме. Одиме на Свети Наум, музејот на вода, црквите Свети Архангел Михаил и Света Петка на Свети Наум.
Љупчо Јузмески, туристички водич.

„Ќе им понудиме велигденско мени, ќе ги запазиме сите обичаи кои се карактеристични за празникот. Ќе им организираме екскурзии, разглед на градот, црквите. Од први мај понатаму се очекува поголема раздвиженост, почнуваме со странските тур оператори и хотелот е 80 отсто исполнет до крај на септември. На 9-ти мај почнуваат да доаѓаат Холанѓаните, на 11 мај Белгијците, вели Кутаноски.

Туристичкиот водич Љупчо Јузмески во програмата за прошетка на гостите има предвидена обиколка речиси на сите позначајни културно историски локалитети.

„Тргнувајќи од стариот дел на градот и Плаошник, Црквата Света Богородица
Перивлепта, Канео, Света Софија. Најмалку половината од црквите во градот ги посетуваме. Одиме на Свети Наум, музејот на вода, црквите Свети Архангел Михаил и Света Петка на Свети Наум. Како и секогаш многу од странските туристи, особено Грците одат во црквата Свети Ѓоргија вечерта за дочекот на Велигден. Одат во 23 часот и си одат во12 и 15 веднаш по Христос Воскресе“, рече Јузмески.

Главната богослужба во Охрид за Велигден по традиција последните години се одржува на Плаошник. И локалните власти во Охрид со уредување на градот се подготвуваат за претстојниот празник. Екипите на Јавното претпријатие охридски Комуналец деновиве ги уредуваа и расчистуваа зелените и јавно-прометните површини на влезовите во Охрид, туристичките локалитети, стариот дел од градот, пофреквентните сообраќајници и други локации. Се косеа тревниците, расфрланиот отпад се расчистуваше, покрај коловозите се отстрануваше ниската вегетација, а се чистеа и јавните површини.
XS
SM
MD
LG