Достапни линкови

Во Женева договорено намалување на тензиите во Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на четирипартитната средба меѓу САД, Русија, ЕУ и Украина во Женева, на која разговараат за украинската криза, се согласи да повика на намалување на тензиите во Украина.
Тој рече дека четирите страни се согласиле да побараат распуштање на сите нелегални вооружени групи Украина, оние што ги окупирале владините згради да се повлечат и да се воздржат од насилство. Лавров нагласи дека повикот а за расформирање и сите нелегални вооружени групи ширум Украина, вклучително и оние кои ги поддржуваат новите власти во Киев. Тој особено ја наведе украинската националистичка организција „Десен сектор“.

Американскиот државен секретар Џон Кери, пак, потврди дека четирите страни се согласиле на распоредување на мисија на ОБСЕ која треба да го надгледува намалувањето на тензиите во Украина. Кери изјави дека украинските власти исто така се согласиле да ги амнестираат демонстрантите што ги зазедоа владините згради, со исклучок на оние обвинети за убиства.
XS
SM
MD
LG