Достапни линкови

logo-print

Киргистан сака во Царинската унија предводена од Русија


Премиерот на Киргистан, Џоомарт Оторбаев.

Премиерот на Киргистан, Џоомарт Оторбаев.

Премиерот на Киргистан, Џоомарт Оторбаев, изјави дека зачленувањето во Царинската унија предводена од Русија е „вистински чекор“ и оти ќе ѝ помогне на земјата да се справи со голем број социјални и економски предизвици. Тој рече дека киргистанските производи, освен златото, се извезуваат главно во државите членки на Царинската унија – Белорусија, Казахстан и Русија и затоа би било погрешно да се затворат границите кон овие земји. Според Оторбаев, зачленувањето во Унијата ќе ја подобри инвестициската клима во Киргистан и ќе го зајакне земјоделството и преработката на земјоделски производи. Оторбаев не исклучи дека може да има и некои негативни влијанија од зачленувањето во Унијата, но не ги прецизираше и рече дека позитивните ефекти се поголеми. Руските власти се обидуваат да ги внесат поранешните советски републики во Царинската унија, велејќи дека до 2015 година таа ќе стане Евроазиски економски простор, моделиран според ЕУ.
XS
SM
MD
LG