Достапни линкови

Состанок на Шангајската организација за соработка во Душанбе


Членките на Шангајската организација за соработка се сретнаа во главниот град на Таџикистан, Душанбе, на разговори за регионалната безбедност во пресрет на повлекувањето на поголемиот дел од странските воени сили во Авганистан до крајот на годинава. На денешната средба во Душанбе разговараа секретарите на Советите за безбедност на членките на Организацијата – Кина, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Тие исто така разговарале за заеднички напори против сепаратизмот, тероризмот, религиозниот екстремизам, шверцот со дрога и прекуграничниот организиран криминал. Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон ја повика организацијата да усвои нова стратегија за развој, земајќи ги предвид „тековните предизвици во светот“. Кинескиот министер за јавна безбедност Гуо Шенгкун рече дека „надворешни сили“ се обидуваат да ги соборат владите во некои држави со користење на социо-економски противречности и со „провоцирање нови бранови обоени револуции“, но не даде детали. Земјите исто така потпишаа протокол за соработка.
XS
SM
MD
LG