Достапни линкови

Романскиот премиер леташе со борбен авион Ф-16


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта денеска повеќе од 40 минути леташе во американскиот борбен авион Ф-16, јави агенцијата Аџерпрес. Авионот, што достигнува брзина до 1.500 милји на час, летал во формација од четири авиони.

Понта се приклучил кон американските и романските војници кои денеска ја завршуваат еднонеделната заедничка воена вежба. Откако ја минал здравствената контрола, премиерот Понта дошол во воздухопловната база „Кампија Туржи“ облечен во летачко одело на романското Воено воздухопловство. Потоа го зазел местото на копилотот во авионот ловец Ф-16, со кој управувал американски пилот. Пилотот претходно го упатил премиерот во сите технички детали.

Заедничките воени вежби, како денешната, во Романија се оддржаа во 2006, 2008 и 2012 година. Заедно со Понта, на вежбата присуствуваа уште и претседателот на Сенатот и министрите за одбрана и внатрашни работи на Романија.
XS
SM
MD
LG