Достапни линкови

logo-print

Напад врз воена база во ирачкиот град Мосул


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 12 ирачки војници загинаа, а повеќе од 10 се повредени во денешниот напад врз воена база во близина на градот Мосул на северот на земјата, соопштуваат властите. Нападот почнал така што бомбаш самоубиец детонирал камион полн со експлозив, по што вооружени лица почнале да пукаат кон војниците, објави новинската агенција Асошиејтед прес, повикувајќи се на армиски и на полициски извори. Во нападоат биле убиени и осуммина милитанти.

Во Мосул во изминатите месеци се случија низа напади за кои се обвинуваат сунитските милитанти поврзани со Ал Каеда.

Во соседната провинција Анбар, милитантите од „Исламската Република на Ирак и Левант“ сè уште ја држат под контрола територијата што ја зазедоа околу Нова Година.

На 30 април во Ирак треба да се одржат избори, на кои премиерот Нури ал-Малики се надева дека ќе добие трет последователен мандат.
XS
SM
MD
LG